Description
Плитка чинија ‐ Мајолика, Скопско Кале, XVI век
Плитка чинија од т.н. тип на „пото‐Мајолика„ вази. Овие
вази биле продуцирани во Шпанија, каде Арапите
развиле слична глазирана керамика, но со побогат
колорит. Глазурата, прелиена врз сликаните мотиви,
била направена од калаен оксид. По печењето, млечно
белата глазура делумно ги задушила боените мотиви.
Преку островот Мајолика, оваа керамика била извезу‐
вана во христијанските земји, па оттука и доаѓа името
Мајолика. Во Скопје и на Скопското Кале стасувала по
трговски патишта преку Италија.