Description
Пиксида, Исар – Марвинци, III-II век пр. н.е.
Керамичен сад – пиксида, керамичка “кутија”
составена од два посебни сада, со намена за чување
на накит или скапоцености. Пиксидата има конусно
извлечена прстенеста нога на рецепиентот а на
капакот на највисокот дел има релјефно изведена
женска биста , најчесто на божиците Артемида или
Афродита. На капакот е изведена и декорација во
техника “west slope” и тоа флорални мотиви, кои
радијално ја следат релјефната биста.
Се забележува и боење на дното на капакот со
хоризонтални ленти со бела пастелна боја.
Хронолошки пиксидата датира од III-II век пр.н.е.