Правила и услови на користење

Формат на продукти

Покрај секој артикл на нашата интернет-продавница имате можност да го изберете форматот на производот што сакате да го нарачате.

 

Процес на нарачка

 Изберете ги продуктите што сакате да ги нарачате

Покрај секој наслов/артикл се наоѓа копчето „Нарачај“ – кликнете на него и производот автоматски ќе биде додаден во вашата кошничка.

Во кошничката можете да додавате неограничен број производи, како и да ги бришете продуктите што предходно сте ги додале.

Во секој момент, со поглед кон горниот десен агол на екранот, можете да видите колку продукти имате во кошничката и која е нивната вкупна вредност.

Кога ќе ги одберете сите продукти што сакате да ги нарачате, притиснете на копчето „НАРАЧАЈ“ и преминете на вториот чекор од процесот.

Прегледување на вашата кошничка

Откако ќе ги изберете продуктите што сакате да ги нарачате и ќе притиснете на копчето „ВО КОШНИЧКА“, ќе бидете автоматски префрлени во вашата потрошувачка кошничка. Во неа јасно се прикажани продуктите што ги нарачувате, количините (кои можете да ги смените во секој момент) и вкупната вредност на нарачката.

Доколку сакате да ја дополните нарачката со уште некој продукт, притиснете на копчето „ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ“,( Или било како и да го напишеш) што се наоѓа во левиот долен дел од потрошувачката кошничка.

Доколку сакате да ги избришете сите артикли и одново да направите нарачка, кликнете на копчето „ИСЧИСТИ ЈА КОШНИЧКАТА“.

Доколку сакате да извршите промени во количините на нарачаните артикли, кликнете на копчето „АЖУРИРАЈ ЈА КОШНИЧКАТА“.

За да продолжите кон следниот чекор од процесот на нарачка, притиснете на копчето „ПОЈДИ НА КАСА“, што се наоѓа во долниот десен агол од потрошувачката кошничка.
(На прегледување на вашата кошничка оставам на тебе како би изгледале копчињата)

Трет чекор: Внесување на вашите податоци

Во овој дел треба да ги пополните полињата со потребните лични информации. Полињата што се обележани со ѕвездичка (*) се задолжителни и без нив вашата нарачка нема да биде успешно извршена.  Ако сте веќе регистриран член, најавете се со внесување на вашата имејл-адреса и лозинка. Доколку сте веќе регистриран член, при внесувањето на имејл-адресата системот ќе ве препознае и веднаш ќе ви даде можност да се најавите.

Со избирање на опцијата „Регистрирајте се за во иднина“ вашите податоци ќе бидат зачувани во нашиот систем, што ќе го олесни и забрза процесот на нарачување во иднина.

 

Четврт чекор: Метод на испорака

За нарачки во Македонија доставата ја врши курир-службата (да најдам и ќе ти кажам)

Пратката ќе пристигне на вашата домашна адреса од 1 до 3(?) работни дена од комплетирањето на нарачката. Поштарината автоматски се пресметува и се додава кон вредноста на нарачката врз основа на нејзината тежина. 

Откако ќе го изберете начинот на испорака што најмногу ви одговара, кликнете на зеленото копче „Продолжете“ .

Забелешка: Поради сигурност на пратката, ве молиме наведете го вашиот телефонски број, на кој курир-службата ќе може навремено да ве исконтактира со цел да го договорите времето на достава на пратката. Во случај пратката да биде вратена од оправдани причини, трошоците за повторно праќање паѓаат на сметка на купувачот.  

  
Плаќање со платежна картичка

Доколку при нарачката сте го избрале овој начин на плаќање, системот автоматски ве пренесува на страницата за електронско плаќање на Комерцијална Банка

 

Шести чекор: Прегледување на нарачката

Во овој чекор можете детално да ја прегледате својата нарачка. Тука  се вашите податоци, адреса за испорака, методот за испорака и плаќање, кои предходно ги избравте.

Во левиот дел можете да ги прегледате продуктите кои ги нарачавте, нивната количина и цена. За потврдување на нарачката притиснете на копчето „ПОТВРДИ“ во долниот десен агол.

Веднаш по комплетирањето, ќе добиете имејл за потврда на нарачката.

МЕТОД НА ИСПОРАКА

За пратки во границите на Македонија ги користиме услугите на курир-службата (да најдам и ќе ти ка/ам)

Времето потребно за испорака  на вашата пратка е до 3(?) работни дена од моментот на комплетирање на нарачката.

До отстапки или пролонгирање на испораката може да дојде доколку примачот не е на адресата која е внесена во нарачката, поради лоши временски услови и поради сите останати непредвидливи ситуации што можат да влијаат врз транспортот на пратката.

Достава на пратките се врши во работни денови, од 8:00 до 17:00 часот. За достава на нарачка можете да наведете и друга адреса од онаа на која живеете, на пример, адреса на работно место.