Description
Кибела Исар-Марвинци, V-IV век пр.н.е.
Теракота со претстава на божицата – мајка, Кибела,
статуета од печена глина со претстава на божество. Овде
Кибела е претставена седната на престол (трон), што
претставува една од вообичаените претстави на ова
божество. Облечена е во долг химатион, со круна на
главата, и во скутот, седнато, држи животно, најверојатно
лав, животно кое се поврзува со ова божество. Теракотата
е украсена со бела пастелна боја – енгоба, а со друга боја,
најчесто црвена, изведена е другата декорација.
Хронолошки, оваа претстава пртставува една од пораните
варијанти на божицата Кибела, и се датира V-IV век
пр.н.е.