Description
Пелике, Исар – Марвинци, Валандово, средина на IV век
пр.н.е.
Црвенофигурално сликан сад – пелике. На предната страна од
садот е изведена претстава од античкиот мит Амазономахија, во
која е претставена борбата на Амазонките со митското животно
Грифон. Амазонката е качена на коњ, во десната рака држи копје
со кое се обидува да го прободе Грифонот. Грифонот е
претставен со подигати предни нозе и е обоен со бела боја. На
задната страна претставени се две фигури пред олтар (стела),
кои извршуваат обред – пурификација на штит.