Златна дијадема

5.500,00 ден

Category:

Description

Изработена на златен лим – дијадема составена од три
дела: Централниот дел на дијадемата е со престава на
женска биста, најверојатно божество (Артемида или
Афродита). Двата странични лентести дела се
декорирани со мотив на винова лоза. Овие три дела се
споени со тенка златна жица и формираат целина. На
спојот на двата лентести дела со центалниот дел
поставени се два висулца во вид на розета од кои
поединечно продолжуваат обесено три висулца, кои
завршуваат со вметнати топчиња од стаклена паста.

Треба да се истакне дека накитот изработен од злато
претставува врв на уметноста и занаетчиската умешност
на македонско – хеленистичкиот период. Хронолошки,
златната дијадема се датира во III-II век пр.н.е.
Златната дијадема е откриена на југозападната
некропола при археолошките истражувања на
капиталниот проект Некрополите на Исар – Марвинци.
Од колекцијата на НУ Музејот на Република С.
Македонија