Description
Охрид, Варош, Горна Порта, III‐II век пр.н.е.
Злато, стаклена паста, тордирање, филигран,
гранулација.
Алката им е тордирана, кон едниот крај се стеснува и
завршува со пирамидална форма од златни гранули.
Другиот дел од алката конусовидно се проширува во
вид на чашка, во која е сместена калота со мали
спирални испусти кои имитираат коса, а во калотата е
сместена негроидна глава од стаклена паста.
Од колекцијата на Завод и музеј Охрид