Description
Коскена икона на Св. Димитриј, Скопско Кале,
XII‐XIII век
Релјефна икона изработена од коска, со претстава на Св.
Димитриј во стоечка положба, во орантен став. Светецот
е облечен во достоинственичка, свечена одежда,
декорирана на бордурите, обуен во благороднички
обувки. Иконата има две перфорации, па најве‐
ројатно се носела зашиена на гардеробата. Иконата е
откриена во апсидалниот простор на источната страна на
т.н. „Куќа на Св. Димитриј“.